Официјално: Адис Јаховиќ доби македонско друштво во Коњаспор! (ФОТО)

0
209

Македонскиот фудбалер Леонард Жута кој го носеше дресот на Ријека од денес е нов фудбалер на Коњаспор.

Она што се најавуваше денес беше потврдено на официјалната страна на турскиот клуб. Жута во Коњаспор ќе му се придружи на Адис Јаховиќ.

Жута во хрватскиот шампионат одигра 139 натпревари во дресот на Ријека. Според договорот со турскиот клуб во Коњаспор би требало да остане до сезоната 2020/2021.

Извор: sportski.mk

Коментирај