Одземен имунитетот на Димовски: Собранието стана монструозна институција, ова е одмазда зошто не гласал за промена на уставот

0
467

Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања попладнево го прифати со пет гласа „за“ и четири „против“ барањето за одобрување притвор за пратеникот Љупчо Димовски, поднесено од скопскиот Кривичен суд, и му предлага на Собранието на Република Македонија да го одобри.

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски порача дека ова е веќе осми пат како власта бара симнување на имунитет на пратеник од опозиција.

Мицевски ги повика пратениците да размислат дали оваа пракса треба да продолжи бидејќи според него Собранието се претворило во монструозна институција каде пратениците се судат меѓу себе и потенцираше дека не треба да се дозволи да се одземе имунитет за најбанална работа.

Додаде дека Димовски од притворот во првиот случај, каде бил цело време редовен во судот, имал нарушено здравје.

За пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев ова е класична ситуација како многу пати во историјата, каде оној што се претставува како спасител станува насилник, мислејќи на пратеникот Павле Богоевски и дел од Шарената револуција.

Ѓорчев вели дека ова е одмазда кон Димовски зошто не гласал за промена на уставот.

Коментирај