Одмор може и во септември – летни температури ќе се задржат и овој месец

0
369

Tопли летни денови ќе има и во текот на овој месец што значи дека граѓаните ќе може да поминат време на плажа. 

Родителите кои имаат мали деца, како и повозрасните луѓе, обично месец септември го избираат за годишен одмор и се упатуваат некаде на одмор. Тогаш и цените се на половина, нема гужва и одморот може да биде во вистинска смисла на зборот.

Ова е според прогнозата на метеорологот Славчо Попоски.

Значително потопла треба да биде следната недела кога максималните дневни температури на воздухот би се искачиле во интервалот од 27 до 34 степени.

„Времето ќе биде сончево повремено со умерена локална облачност, а повремено можна е и нешто позначителна локална облачност, па така има услови за локален краткотраен дожд. За време на овој викенд и тоа особено во сабота има услови за локален пороен дожд и грмежи“- вели Попоски.

Додава дека изразен влажен бран засега не треба да очекуваме.

Коментирај