Одлично за здравјето, особено за коските, но оваа намирница на многумина им е и забранета?!

0
163

Незаменливото во медитеранската кујна, фета сирењето е украс на секоја трпеза. Има помалку масти и калории од сите потврди сирења, како пармезанот, кој во 100 грама содржи 264 калории.

Содржи витамини А, Б и К, магнезиум, добар е за коските има двојно повеќе калциум од фосфор. Изобилува со добри бактерии кои можат да го засилат имунолошкиот систем и работата на дигестивниот тракт. Изворно се прави од овчо и козјо сирење, има силен и остар вкус и кремаста текстура.

Освен во грчката салата, составен дел е од многу јадења, од предјадења, преку главно јадење, до десерт. Одличен е во комбинација со маслиново масло, босилек, оригано, како грилуван, но и салата со лубеница и нане.

Можниот проблем со фета сирењето произлегува од фактот дека содржи многу натриум, бидејќи во текот на правењето на сирењето, се додава сол. Затоа, оние кои се чувствителни на оваа состојка треба пред конзумирањето добро да го измијат парчето фета под вода. Исто така, луѓето чувствителни на лактоза, треба да бидат внимателни, бидејќи фетата како и останатите млади сирења, има повеќе лактоза.

Извор: taratur.mk

Коментирај