Одлични вести: Македонската легенда во борењето од дома ќе се продолжи да се бори против корона

0
755

Добри вести ни доаѓаат од македонското борење, поранешниот репрезентативец на Македонија и Југославија Љубиша Пешко е пуштен на домашно лекување од коронавирусот.

Актуелниот селектор на репрезентацијата на Македонија во грчко-римски стил како и прв човек на БК Вардар на својот Фејсбук профил објави дека ја поминал кризата и од вирусот и сега оди на домашно лекување.

Во текот на кариерата тој беше редовен учесник на Европските и Светските првенства во категорија до 74 килограми. Сениорски репрезентативец на Македонија во 1986 година стана на само 18 години.

Треба да се спомене и дека во 2013 го регенерираше БК Вардар како шеф на стручниот штаб и главен спонзор.

Коментирај