Одлична прва трка и подиум за Иџе на легендарната Имола – Утре оди на победа!

0
91

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе успеа да се искачи на подиумот во италијанскиот град Имола на трката во ТЦР-шампионатот.

Иџе со добро возење и малку среќа ја освои третата позиција. Тој до третото место стигна откако возачот пред него, некаде во финишот на трката се откажа поради механички проблеми и ја заврши трката.

Иџе во целта имаше дури десет секунди послабо време од победникот Бетера. Второто место му припадна на уште еден Италијанец, Тавани.

Инаку, утре во Имола ќе се вози втората трка и можност за Иџе да го повтори успехот од минатите години и да се искачи на првото место на оваа трка.

Инаку Иџе беше најдобрар на првиот тренинг, а на вториот постигна 4-то најдобро време.

Коментирај