Одбрани се Дормео спијачите!

0
693

Минатиот пат се бараа дипломирани спијачи кои ќе спијат по 8 часа во гужва и под притисок. Спијачите се избрани, локациите одредени, сега е ред да ви ги претставиме.

Спијач број 1

Александар Тодороски – има 19 години Охрид. Неговиот рекорд во спиење е 18 часа, а сака да спие странично. Најчудното место каде што има спиено: во парк после фестивал, на неколку концерти во МКЦ и сред концерт во Дојран. Александар ќе спие во продажното место на Дормео во ГТЦ, на Air Lux Plus душек и True Evolution Перница.

Спијач број 2

Елена Маркоска има 21 години, таа е Струга. Нејзиниот рекорд во спиње изнесува од 1 до 20 часа. Сака да спие на лева и десна страна. Еднаш има заспано во читална, тоа е нејзиното најчудно место за спиење. Елена ќе спие во Скопје Сити Мол на  Air Select Plus Душек и Air Smart Duo Перница

Спијач број 3

Сергеј Димовски е од Скопје, има 22 години и има рекорд во спиење од 14 часа. Најмногу сака да спие на стомак со раката под перница и свиткана нога, но и на грб. Најчудното место каде што има спиено е на клупа во парк и 2500 метри надморска височина и на карпа со вреќа за спиење. Сергеј ќе можете да го гледате како спие во Капитол Мол. Ќе спие  Memosan 3-слојна Перница и Fresh Prima Душек.

Спијач број 4

Садике Хаџиу има 24 години и е од Скопје. Досега има спиено рекордни 15 часа во спиење, а сака да спие најмногу на страна. Најчудното место каде што има спиено е на планина. Ќе спие во Рамстор Мол на Fresh Prima Душек и Platinum Класична перница.

Спијач број 5

Кристина Таневска е од Скопје, има 19 години • Скопје и досега најмногу има спиено 13 часа. Сака да спие на стомак, а најчудно место каде што има спиено е во автобус и клупа во центар. Ќе спие во салонот на Дормео на IMemory SilverДушек и Memosan Класична перница V2.

Спијач број 6

Михаил Марковски има 27 години и е од Битола. Досега има спиено 18 часа, тоа е неговиот личен рекорд. Сака да спие на страна, а најчудно место каде што заспал е на работа. Ќе спие во продажниот салон на Топ Шоп во Битола, на Air Select Plus Душек и Bamboo Класична перница.

До 6 април, можете секој ден во живо да ги гледате како мирно спијат на производите на Дормео кои се по намалени цени.

Се гледаме!

Коментирај