Ода на лудоста: Премиере Зоран Заев, душо која крвавеше, подрипнувам кога те слушам!

0
1378

„Друже Тито, ми ти се кунемо да од твога пута не скренемо“ – и ако скршнале оние кои тогаш се колнеле, оваа почва балканска изродила доволно такви кои „ќе се вратат на колосекот да го следат лидерот“. Секоја генерација има свој Тито, кој го воспева до мера на лудило, невкусно, на подбишега.

Тито на нашата генерација е премиерот Зоран Заев, Зоки, лепото моја.

Уште и пред да започне официјално кампањата за годинешните претеседателски избори, на трибините на СДСМ, јавноста можеше да види неколку лица со како возбудено, со впечатливи говори до небо ги воздигнуваат премиерот Заев и претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

На социјалните мрежи корисниците веќе коментираат дека „нарачаните излагања се одлично научени“ и дека „на секој митинг има по една со смислено сценарио“.

Кога предаваме за епидеиктична реторика (свечено беседништво), велиме дека пофалниот говор треба да содржи мерка, за да не премине во ПАНЕГИРИК, т.е. неумесно ласкање и јавно додворување, па дури и невкусно подлизување кон „лидерот“ – оти тогаш, наместо за воздигнување на неговиот лик и дело, ќе има контра ефект и ќе послужи за негово исмевање, пишува универзитетскиот професор Димитар Апасиев на Фејсбук.

На вчераниот собир во Прилеп имаше две обраќања полни со емоции, а на последното видео може да го видите говорот од трибината на СДСМ одржана пред околу една недела во Куманово.

Иако со сигурност не може да се тврди дали говорите биле вежбани пред огледало пред да се настапи пред премиерот, во секој случај ова е компилација која ретко се гледа, а како тргнало, до 21 април ќе се изнагледаме и изнаслушаме оди на лудоста.

Извор:republika.mk

Коментирај