Од стара фабрика до уметност

0
305

Архитектот Рикардо Бофил во далечната 1973 година ја забележал старата, напуштена фабрика за цемент. Веднаш ги видел нејзините можности и нејзината идна убавина и ја купил. Така е родена Ла Фабрика.

Речиси 45 години подоцна, целата структура е комплетно трансформирана во спектакуларен, уникатен и единствен дом.

Затворениот индустриски објект од периодот на Првата светска војна се наоѓа недалеку од Барцелона.

Откако некои делови морал да ги сруши заради безбедност, Бофил продолжил да ја менува надворешноста на имотот со вегетација, а внатрешноста ја претворил во модерен животен и работен простор.

Ла Фабрика се уште се реновира и доградува, онака како што расте и самиот уметник.

Индустриските оџаци кои загадувале, одамна веќе се преплавени со зеленило, што дава убав пример како со креативно размислување може да се дојде до комплетна трансформација.

Извор: www.hybread.mk

Коментирај