Од што стравуваат мажите?

0
573

Повеќето мажи се плашат да се врзат премногу рано и се прашуваат дали тоа е вистинската жена и што ќе се случи следно …

Како што на сите ни е познато не постои маж на кого очите не му „шараат“. Стравот во нив до одреден степен е поттикнат од идејата да се биде со некој засекогаш. Тоа е исто како кога ќе му кажете на детето: „Не го прави тоа“, и се разбира тоа го прави баш спротивното.

Постојат неколку причини што го спречуваат мажот да се „врзе“:

Стравот да се вљуби во многу помлада жена од него
Поради возраста, мажот мисли дека не е доволно зрела, и таа веројатно не знае што сака. По одредена возраст, кога мажот мисли дека е подготвен тој почнува да бара грижлива и сериозна жена.

Дали ќе може да се грижи за семејството
Загриженоста за тоа дали има доволно добра работа и дали ќе успее да се грижи за семејството постојано ја напаѓа главата на мажот. Тука доаѓа стравот од врзување и оправдувањето дека сè уште е рано за брак.

Неуспех во поранешната врска
Тој само што се разделил со својата претходна партнерка и неговата врска била тотален неуспех. Неговата загриженост со новата приврзаност е стравот од повторување на претходниот инцидент.

Љубомора
Многу мажи се повнимателни во врска со врзувањето, бидејќи се плашат дека ќе бидат љубоморни. Сепак најмногу од сè, тие не сакаат да имаат болно љубоморна девојка. Ги задушува, па дури и помислата дека новиот брачен другар може да биде љубоморен и тоа ги повлекува наназад.

Страв од приврзаност
Некои мажи откако ќе имаат неколку состаноци со една жена и откако ќе почувствуваат дека се приврзуваат почнуваат да се повлекуваат. Тоа им е  заштитна реакција предизвикана од стравот дека работите ќе тргнат кон сериозни случувања за кои тие сметаат дека сè уште не се подготвени.

Коментирај