Од понеделник поголемата маржа ќе ги намали цените на горивата

0
183

Регулаторната комисија за енергетика во новата методологија за пресметка на цените на нафтените деривати ја зголеми малопродажната маржа од сегашната 3,2 на 4,6 денари по литар и на тој начин направи своевиден компромис со трговците кои бараа таа да изнесува до 6,5 денари за литар.

„Сите анализи кои ги правевме во изминатиов период укажуваат дека со новата методологија цените на нафтените деривати, споредено со претходната методологија, се намалуваат во зависност од периодот од 1 до 2 денари“, вели Бислимовски, претеседател на РКЕ.
Во понеделник прв пат ќе се користи новата методологија и ќе се види дали ќе се исполнат најавите на регулаторите за намалување на цените на горивата или пак спротивно на очекувањата ќе има повисоки цени на нафтените деривати.

Извор:брегалнички.мк

Коментирај