Од минарето на охридската Алипашина Џамија ќе се запее на Бајрам

0
340

Обновената Алипашина Џамија во Охрид свечено ќе биде ставена во употреба на 6 јуни, на годинешниот Рамазан Бајрам, објави Скопје1.мк повикуваќи се на свои извори во ИВЗ. На отворањето ќе бидат присутни високи гости од властите на Република Турција, а поканети ќе бидат и Премиерот Зоран Заев, дел од министрите како и градоначалникот Константин Георгиески.

Инаку минарето е во финална фаза и на него е поставена кровната конусна купола. Градбата на ова минаре предизвика политички тензии и објектот стана централна медиумска тема.

Алипашината Џамија останала без минаре во минатиот век кога истото е урнато од страна на група граѓани.

Извор: Република.мк

Коментирај