Од Лондон до Њујорк за само 3 часа! (ВИДЕО)

0
673
Новиот авион би требало да се појави до 2020-та година, а се проценува дека цената за еден билет од Лондон до Њујорк би чинела околу 5 илјади долари.

Стартап компанијата Boom Technology го претстави првиот прототип на надзвучниот патнички млазен авион кој би требало да биде еден вид на новата генерација на „Конкорд“ пренесува The Verge.

XB-1 Supersonic Demonstrator кој што е наречен „Бејби Бум“ нема да полета ниту идната година, но компанијата Boom Technology веќе го претстави првиот прототип, а нивниот план за развојот на овој авион е прилично амбициозен.

XB-1 е 3:1 пати намалена верзија во однос на патничкиот авион кој што ќе започне да се произведува во 2020-та година. Претставениот прототип има место само за пилотот, додека пак комерцијалната верзија би можела да пренесува и до 44 патници.


Од компанијата Boom Technology тврдат дека нивните авиони ќе можат да патуваат од Њујорк до Лондон за само три до три и пол часа, додека пак во просек „стандардниот“ лет трае околу 7 часа. Од компанијата велат дека еден лет од Лос Анџелес до Сиднеј кој што во просек трае околу 15 часа, ќе го скратат на 6 часа и 45 минути.

Според првичните проценки, еден билет од Лондон до Њујорк со новиот „Конкорд“ би требало да чини околу 5 илјади долари.

Од Boom Technology тврдат дека нивниот млазен авион ќе патува со брзина од 2.2 маха (2,700 километри на час) или за 10% побрзо од „Конкорд“ и речиси три пати побзо од брзината на еден просечен патнички авион. Оваа стартап компанија веќе има голема поддршка од милијардерот Ричард Брансон, првиот човек на Virgin групацијата.


Извор: Точка

Коментирај