Од Кале до Градски парк по адреналинска жичница

0
248

Советниците на Град Скопје денеска ќе гласаат за предлог одлуката на градоначалникот, Петре Шилегов, од каде до каде да се протега адреналинската жичница, или попозната како зиплајн.

Овој проект предвидува да се поврзат скопското Кале и Старата скопска чаршија како културно-историски амбиенти со музејот на Современа уметност и Градскиот парк.

Адреналинската жичница, ќе биде опремена со соодветна безбедносна опрема и систем за кочење со кој ќе се регулира брзината на движењето.

За изградбата на оваа нова туристичка и рекреативна содржина предвидено е да се потрошат меѓу 2 и 3 милиони денари. При тоа процесот на градење не предвидува градење на објекти кои непотребно би зафаќале дополнителен простор на почетната и крајната точка од жицата, изјавија од Град Скопје.

Од Град Скопје изјавија дека ја разгледуваат можност за изградба на уште една жичница која е предвидено да биде сместена кај кањонот Матка, но заради административните пречки кои предвидуваат вклучување на повеќе институции, за реализацијата на овој проект ќе биде потребен подолг временски период.

Зиплајнот во Скопје ќе ја зголеми туристичката и рекреативна понуда на градот и несомнено ќе го стави Скопје во редот на модерните европски градови кои посветено работат на унапредувањето на туризмот преку изградба на атрактивни објекти со потенцијал да привлечат нови туристи од земјата и регионот, додаваат од Градот.

Извор:republika.mk

Коментирај