Од холивудска филмска ѕвезда до агресивна алкохоличарка

0
474

Обожавателите на холивудската филмска и сериска продукција ја паметат 57-годишната Хедер Локлир како своевремено една од поголемите ѕвезди на холивудската филмска индустрија и како фатална заводничка и убавица. Денес таа е само сенка на некогашната фатална блондинка, која стреми кон дното на животот поради проблемите во кои запаѓа заради алкохолизмот.

Локлир уште еднаш заврши во психијатриска болница , откако пред некој ден се скарала со љубовникот Крис Хаузер, па го претепала и го исфрлила од дома. Таа мора да остане на посматрање во болница најмалку 72 часа. Ѕвездата на популарните серии ,,Династија” и ,,Мелроуз Плејс” влегува од еден во друг скандал.

Таа во јуни беше уапсена кога пијана се удри со автомобил во оградата на својата куќа во Калифорнија, а потоа ги нападнала полицајците. Веднаш по излегувањето од притвор, актерката се предозира, по што помина две недели на одделението за психијатрија.

Само една недела од излегувањето од болницата , била уапсена зашто ја давела мајка си Дијана (85) и се заканувала дека ќе се убие.

Локлор е во врска со професионалниот моторист Хаузер една година, а се знаеле уште од средното училиште.

Извор: taratur.mk

Коментирај