Од дневникот на една скопјанка: Денот кога го изгубив родителот…

0
322

На 25 јуни е годишнината на мојот татко, кој почина од  мозочен удар пред 20 години.

Ми требаа долги години за да можам да преживеам без него и да сфатам дека тие работи се случуваат. Кога бев помлада, мислев дека тоа е некаква казна од Бог, мислев дека животот е суров и се мачев да ја прифатам реалноста. Ја користев болката како штит и се плашев од секоја загуба.

Денес, после толку години, ми изгледа како чудо што не се давам во црната дупка која оваа загуба ја предизвика во мојот живот. Не верував дека ќе можам да се насмеам еден ден.

Но, веќе не сум плитка за луѓето во мојот живот. Губејќи го мојот татко на тој начин, свесна сум дека луѓето се тука во нашиот живот се додека не се. Сфатив дека мораме секој ден да се однесуваме со нив на најдобриот начин, бидејќи еден ден ќе ги снема од нашиот живот засекогаш. Без збогум.

Ако сте се соочиле со загуба на блиска личност, свесни сте за трагата која ја остава на вашето срце засекогаш. Свесни сте и за болката која ја носите во себе, без оглед на тоа колку години ќе поминат. Луѓето често ми велат дека личам на него, а тие никогаш не беа свесни колку ме болеше да го носам неговиот лик на моето лице. Денес, сум речиси среќна што имам дел од него на себе.

Тој ми недостасува секој ден и ќе ми недостасува засекогаш. Понекогаш само ќе се погледнеме со мојата мајка и ја споделуваме болката која ја носиме во себе од неговата загуба.

Извор:Курир

Коментирај