Од денеска слободно може да се влезе во Македонија – Се стравува дека ќе донесат голем број заболени

0
130

Од денеска целосно се отвораат сите гранични премини во државата со што македонските државјани и странците ќе можат непречено да се движат без обврска за ПЦР-тест и државен карантин.

Одлуката ја донесе Владата во вторникот врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести. Владата на истата седница донесе одлука од 1 јули да бидат отворени за сообраќај и Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Останува обврската за почитување на препораките за носење лична заштитна опрема, држење дистанца и честа дезинфекција

Според здравствените власти, отворањето на границите не претставува значаен ризик за зголемување на бројот на новодијагностицирани случаи затоа што локалната трансмисија е најголемиот ризик,.Оценката е дека отворањето на границите со почитување на превентивните мерки (воспоставената контрола на аеродромите и начинот на анкетирање на патници на влез во државата) го сведува на минимум ризикот за зголемување на бројот на дијагностицирани пациенти.

Со одлуката за целосно отворање на границите на земјава македонските државјани ќе можат слободно да патуваат вон границите без обврска за негативен ПЦР-тест за коронавирус и задолжителен 14-дневен карантин при враќање во земјава. Сепак, со иклучок на Србија, Албанија, Косово и Турција, оваа обврска останува за влез во некои земји во регионот и во ЕУ-членките. За патување во земјите членки на ЕУ важат насокоите дадени од ЕК за отворање на границите од 1 јули, годинава. Оваа одлука  членките на Унијата деновиве треба повторно да ја разгледаат поради растот на бројот на заболени од коронавирусот во земјите во регионов.

Коментирај