Од бездомник до човек кој одбрани пенал на Кристијано Роналдо

0
1988

Бејраванд така стана првиот голман кој успеа да одбрани пенал на Роналдо на Мундијалот и сигурни ќе влезе во историјата. Приказната за овој 25. годишен голман е навистина тажна бидејќи уште како дете морал да избега од својата куќа и некое време бил бездомник, но љубовта кон фудбалот била посилна од се.

Иранскиот голман избегал од куќата како дете и неколку години живеал како бездомник. Кога почнал да се занимава со фудбал спиел пред стадионот на локалниот тим за кој тогаш тренирал. Дури луѓето му давале пари мислејќи дека проси, а еве судбината сакаше десет години покасно да одбрани пенал на еден од најдобрите играчи на светот.

„Спиев пред вратата на клубот за кој тогаш тренирав и се сеќавам едно утро кога се разбудив најдов пари пред мене кои луѓето ги оставале мислејќи дека просам, но не беше така. Сепак, тоа утре после долго време имав убав доручек и тоа секогаш ќе го паметам. Животот не беше лесен за мене, но никогаш не сакав да се откажам од своите соништа.“ – порача Бејраванд.

Коментирај