Обвинителство бара продолжување на притворот на Боки 13 и Кичеец

0
53

Обвинителството за организиран криминал побарало продолжување на притворот на Бојан Јовановски познат како Боки 13 и Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец. Притворот им истекува утре, а барањето веќе е испратено до судот. Во кривичниот судот се уште нема одлука за барањето од Обвинителството.

Пред 4 недели на првиот човек на 1ТВ и неформалниот директор на „БМЈ Медиа груп“, Бојан Јовановски, познат како Боки 13 и на бизнисменот Зоран Милевски Кичеец им беше изречен триеседневен притвор откако беа спроведени на распит во Кривичниот суд.

Двајцата се осомничени за примање награда за противзаконито влијание, а едниот од нив се сомничи и за перење пари. Според предистрагата, во периодот од април 2018 до април 2019 година тие барале рекет од бизнисмен, за преку јавен обвинител од СЈО, да биде олеснета постапката што се води против него. Од бизнисменот биле барани 8 милиони евра, а добиле 1,5 милиони евра.

Извор:лидер.мк

Коментирај