Обвинетите од „Монструм“ со ист третман како Заев за „Поткуп“: СЈО најави дека ќе го менува обвинението

0
315

Откако беше најавена измена во обвинението против премиерот Зоран Заев, пристигна иста таква најава за најгрозоморното убиство кај Смилковското езеро.

Обвинетите во „Монструм“денес повторно во судот. Таму се Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири, Фејзи Азири и Сами Љута. На рочиштето не се присутни прво и второобвинетиот Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се недостапни за судот.

Во судница седат и семејствата на убиените деца. Судењето за „Монструм“ почнува од почеток бидејќи предметот го презеде Специјалното јавно обвинителство.

На почетокот на рочиштето обвинителката Фатиме Фетаи рече дека СЈО го презема овој предмет кога Врховнит суд ги укина пресудите на првостепениот и второстепениот суд и предметот е вратен на повторно судење.

Обвинителката Фетаи од судот побара на прво и второобвинетиот, да им се суди во отсуство, бидејќи се недостапни. Додека Фетаи го читаше ибвинението, дел од роднините на убиените плачеа во судницата

Фетаи од СЈО го читаше прво старото обвинение.

Потоа за убиството на децата: Цветанчо Ацевски, Кире Тричковски, Александар Наќевски и Филип Славковски, како и на рибарот Борче Стефковски на Смилковското езеро на 12 април 2012 година, обвинението на СЈО со измена, го прочита обвинителот Гаврил Бубевски.

Фетаи најави дека на повтореното судење СЈО ќе изведе нови докази, досега неизведени.

Обвинителството веќе го измени обвинението за „Поткуп“ каде се терети премиерот Заев.

Извор: Курир.мк

Коментирај