Образованието на удар од страна на СДСМ, наместо да ги држат часовите, наставниците трчаат да се фотографираат со Шекеринска

0
132

СДСМ ја користи позицијата и ги злоупотребува граѓаните во референдумската кампања за промена на уставното име на Република Македонија.

Имено, до она што дојде нашата редакција е скандалозното однесување на одделенските наставници од основното училиште Славчо Стојменски во Виница кои наместо да ги одржат часовите за кои се платени тие истрчале да се фотографираат со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Ова покажува дека образованието е на директен удар од страна на СДСМ се со цел да успее референдумот. Имено на 13.09.2018 година, одделенските наставнички од ОУ “Славчо Стојменски” Виница, Билјана Манасиева советничка во Совет на општина Виница и Лилјана Капевска претседателка на Клубот на жени на СДСМ Виница, наместо да држат настава ги напуштиле учениците и се посветиле на партиски активности. За вршење на партиските активности добиле амин и од  директорот на основното училиште Горан Иванов.

СДСМ во предизборниот период најавуваа голема промена во образованието како и дека токму образованието е врвен приоритет во нивниот План за живот во Македонија, но додека беа во опозиција едно зборуваа и правеа, додека кога се сега на власт, граѓаните гледаат дека нема ништо од ветувањата, туку само празни зборови кои воопшто немаат значење.

Коментирај