Обичен јод, најдобриот женски сојузник

0
622

На многу луѓе им е познато дека јодот е одлично средство против микроби, често се користи за дезинфекција на кожата, бидејќи делува против широк спректар од патогени бактерии, вируси и габи.

Она што е изненадување и можеби малкумина знаат е дека растворот од јод може да се користи и како природно средство за зајакнување и растење на ноктите.

Со редовна употреба, за само еден месец вашите нокти може да се зацврстат и да пораснат онолку колку што сакате.

Се што е потребно да правите е навечер, пред спиење да ги “налакирате“ своите нокти со раствор од јод. Односно, намачкајте ги нежно со памукче и оставете да делува во текот на целата ноќ.

Наредното утро, ќе забележите дека ноктите го впиле јодот и веднаш станале поцврсти.

За да ги тргнете траговите од јодот, употребете обична паста за заби. Таа содржи високо ниво на калциум, па со нејзина помош ќе успеете веднаш да ги обелите.

Втријте ја пастата со помош на стара четкичка за заби и потоа намачкајте ги рацете со крема.

Оваа постапка правете ја само 1-2 пати неделно. Процедурата нека трае еден месец, потоа направете пауза пред повторно да почнете.

Резултатите ќе бидат веднаш воочливи.

 

Коментирај