Обединетата Македонска Дијаспора повика на протест пред Белата Куќа и Стејт Департментот на САД

0
368

Претседателот на Обединетата Македонска Дијаспора која има седиште во Вашингтон и регионални канцеларии во неколку земји на различни континенти, вечерва повика на масовни демонстрации на Македонците.

Според Мето Колоски демонстрациите треба да се случат пред Белата Куќа и Стејт Департментот на САД.

Како причина за протестот се наведува притисокот врз Македонија да го промени уставното име, името на нацијата и јазикот.

“Време е за масовни македонски демонстрации пред Белата Куќа и Стејт Департментот на САД како во 2001. Кој е за?”, прашува Колоски во повикот за протести.

На прашањето на дел од дијаспората зошто се организираат протестите Колоски одговара:
“Еднакви човекови права за Македонија и Македонците – Доволно е! Ние сме единствена земја на светот која што не може да оди напред поради нашето име. 137 земји не признаа, вклучително и САД”.

Претставници на ОМД за време на посетата на генералното собрание на ОН се сретнаа со премиерот Заев, и министрите Димитров и Адеми во Њујорк.

Извор: Expres.mk

Коментирај