Обама го прекрши молкот и ги поддржа масовните протести против анти-имиграцискиот указ на Трамп

0
640

Поранешниот американски претседател Барак Обама го прекрши својот молк по напуштањето на Белата куќа, пред 10 дена, и со изјава ги поддржа протестите против анти-имиграцискиот указ на својот наследник Доналд Трамп, пренесоа американските медиуми.

– Институцијата Претседателот фундаментално не коинцидира со дискриминацијата на луѓето врз основа на нивната вера или религија, изјави портпаролот на Обама, Кевин Луис.

Во своето прво истапување во име на поранешниот претседател, Луис кажа дека Обама е трогнат од степенот на ангажираност на луѓето (во општествениот живот), демонстриран низ целата земја.

„Постапките на граѓаните кои го реализираат своето уставно право да се собираат, да се организираат и тоа да го прават, додека власта ќе ги чува – точно тоа очекувавме да го видиме кога на картата се ставени американските вредности, подвлече Обама во својата изјава.

Луис, цитиран од ДПА, го отфрли тврдењето на Трамп дека неговата политика за прашањето за имиграцијата е слична на постапките на Обама од 2011 година, кога тој го забрани издавањето визи за бегалците од Ирак за период од шест месеци.

Од канцеларијата на Обама, исто така, беа лиферувани делови од неговиот говор од ноември 2015 година, во кој „срамна“ ја нарече идејата за забрана на влез на муслиманите во земјата.

Американските медиуми додаваат дека Белата куќа жестоко негира дека новиот претседателски указ е насочен конкретно против муслиманите.

Коментирај