НУ Стоби реобјавува фотографии од активности во 2014 само за да најстарaтa ранохристијанска црква во Македонија ја претстави како црква на „Северна“

0
380

Националната установа Стоби, на Фејсбук реобјавува фотографии од 2014 година од конзерваторско-реставраторските работи на мозаикот на, според Установата, најстарата ранохристијанска црква во Македонија.

Според објавеното, мозаикот има површина од 160 м2, што само по себе, покрај сочуваноста, дава слика за енормното негово значење за нашата историја и за историјата на христијанството во Македонија.

Но, тоа што е „интересно“, ако воопшто може така да се оквалификува, е дека според „Националната установа Стоби“, станува збор за мозаик „што го красел подот на најстарата ранохристијанска црква во Република Северна Македонија“. Како тоа црквата и мозаикот станаа „северни“ засега не е јасно.

Археологот Раде Атанасов, под објавата на „Националната установа Стоби“ искоментирал: „Како може објект од 5-6 век, да биде во Република Северна, кога таа е творба (глупост), од 2019 г… Петнаесет години како археолог работам на овој локалитет, работев и на овој проект каде никаде не пишуваше Северна… Се за пари, а колеги?“

Инаку, во 2014 година, кога всушност е направена конзервацијата на мозаикот од наосот во Старата епископска Базилика, на Фејсбук се објавени 19 фотографии од овие активности и на истите е напишано онака како што и треба да стои, Македонија: „Во периодот од месец aвгуст до месец ноември 2014 год., НУ Стоби ја реализираше финалната фаза од конзерваторско-реставраторските работи на мозаикот кој што го красел подот на најстарaтa ранохристијанска црква во Р. Македонија – Старата епископска базилика во Стоби“

Коментирај