НСА и ФБИ потврдија: Прислушувањето и објавувањето разговори е кривично дело шпоинажа

0
531

Откако речиси три години Македонија се занимава со нелегално снимени и креирани телефонски разговори, што ја втурна земјата во најголемата политичка и безбедносна криза, и во која шпионите кои тоа го правеле, таканаречените „свиркачи“ се обидуваа со поддршка на „чадорот“ да бидат протнати како „херои“, директорот на американската ФБИ е директен – протекувањето на информациите до печатот и нивното објавување е кривично дело шпионажа.

Протекување на доверливи информации до печатот не се само кривично – тие, најверојатно, се вклопуваат во дефиницијата за шпионажа, посочи директорот на ФБИ Џејмс Коми на јавното сослушување пред Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом, заедно со директор на Агенцијата за национална безбедност Мајк Роџерс.

Посветена на истрагата за евентуалните руски мешање во текот на претседателската кампања на САД во 2016 година, набрзо прашањата во врска со протекувањето на прислушувани материјали, исто така, доби на тежина.

-Протекување на доверливи информации се сериозни, сериозни федерални злосторства со причина- рече Џејмс Коми за време на неговиот говор. Тој додаде дека оние што стојат зад протекување „треба да се испитаат и каде што е можно кривично гонети во начинот на кој се одразува таа сериозност, така што луѓето да разберат дека, едноставно, тоа не може да се толерира“.

На прашање од комитетот дали давање класифицирани информации до печатот може да се смета за прекршување на Законот за шпионажа, на директорот на ФБИ јасно и отсечно одговори „ДА“. Тој сепак не можеше прецизно да одговори дали новинарите може да се гонат за објавување на ист вид на класифицирани информации, туку само вели „Тоа е потешко прашање“.

Истовремено во заедничкото сослушување беше истакнато дека не само протекувањето и објавувањето, особено противзаконско е обелоденувањето на идентитетите на прислушуваните, чии што вистински имиња се класифицирани и до нив имаат простап само одреден број на луѓе. „Постојат други, помалку опасни начини фрустрираните административци да го искажат своето незадоволство“, забележа член на Комитетот, на што директорите објаснија дека сете минале низ „свиркачка“ обука како да пријават информација до Комитетот.

Оттука, откако за време на изборите во САД се пресликуваат случувањата како на филмска лента- од протестите организирани од соросовите организации, како и се водат истраги за прислушувања и шпионажа, се појасно е дека  СЈО – како надворешна инсталација во правниот систем во Македонија- имаше за цел само да ги заштити виновниците во случајот „ПУЧ“ кој никогаш не треба да биде решен.

Коментирај