Новото Ламборџини е вистински ѕвер

0
356

Престижниот авто производител, Lamborghini, го претстави својот најнов модел Aventador S, кој во однос на својот претходник има 40 коњски сили повеќе.

Освен надворешниот изглед, подобрени се и перформансите на автомобилот, кој е поврзан со седумстепен ISR менувач, а силата како и до сега се пренесува на двете осовини, т.е на сите 4 тркала, со што се подобрува стабилноста на возилото на кривини.

Забрзувањето од 0 до 100 km/h исто како и кај претходникот изнесува 2.9 секунди, а неговата максимална брзина е 350 km/h.

luksuz-u-pokretu-automobili-lamborghini-aventador-s-01-2

Рестилизираниот Aventador покрај буквата S доби и нова ознака – LP 740-4, што значи дека постоечкиот 6.5 V12 е оптимизиран за да испорача 740 коњски сили, односно 544 kW.

Автомобилот сега делува поагресивно, благодарение на нагласениот остар „нос“ и на потполно преобликуваниот браник.

На пазарот е претставен прототипот, а се очекува Lamborghini Aventador S да се појави на пазарот оваа пролет. Почетната цена ќе му биде 421.350 долари.

Извор:www.hybread.mk

Коментирај