Новогодишно предјадење- топчиња со сирење

0
422

Состојки:
– 150 гр. сирење кравјо
– 150 гр. урда
– 1 чешне лук
– 1 лажица мајонез
– мелени ореви
– обескостени маслинки
– магдонос

Подготовка:
Во сад, изгмечете го лукот (лук во прав исто така може да се користи).
На големо ренде, изрендајте го сирењето и ставете го во лукот. Кон овие состојки додадете ја урдата и мајонезот. Измешајте убаво. Формирајте топчиња и посипете ги со мелените ореви. Врз секое топче ставете половина маслинка и гранче од магдонос.

На здравје!

loading...

Коментирај