Новогодишна распродажба во УЈП: По багателни цени се нудат станови, автомобили, телевизори, шампони, фарби за коса па дури и пелени…

0
2541

Управата за јавни приходи на јавна аукција и во комерцијална продажба закажани за 27 декември, годинава нуди станови, деловен простор, автомобили, камиони, телевизори, пелени и други производи запленети по основ на неплатени даночни давачки.

На јавно наддавање, меѓудругото, се нуди автомобил „Мерцедес“ од 2005 година со почетна цена од 348.677 денари, товарно моторно возило „МАН“ од 2007 година со почетна цена од 1.076.250 денари, товарно моторно возило „Форд Фургон“ од 2007 година со почетна цена од 535.000 денари, „Рено Клио“ од 2003 за 83.100 денари…

Мауси, тастатури, компјутари, телевизори, монитори, штампачи и секаков вид на компјтерска опрема по многу ниска цена. Верувале или не на оваа аукција можете да купите и машина за цедење на сокови, машина за производство на чевли, па дури и пелени и средства за хигиена.

Повеќе детали погледнете ТУКА.

Коментирај