Новиот закон на МТСП е рестриктивен, се кратат голем број на права, привелегии и бенефиции

0
412

При денешната посета на Штип, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски разговараше со преставници на здруженијата на лица со посебни потреби, со, како што вели, луѓето коишто навистина во последно време се на маргините од страна на Владата на СДСМ предводена од Зоран Заев.

hristijan-mickoski-shtip-3

hristijan-mickoski-shtip-8hristijan-mickoski-shtip-6

Според Мицкоски, предлог законско решение кое се однесува на оваа категорија лица на Министерството за труд и социјална политика е рестриктивно, се кратат голем број на права, привелегии и бенефиции.

Мицкоски кажа дека откако детално го разгледале и откако направи сериозни консултации со лицата коишто им е потребна дополнителна заштита, а ги третира овој закон, лицата со инвалидитет, лицата со посебни потреби, ВМРО-ДПМНЕ поднесе голем број на амандмани.

За жал соодветното Министерство и министерката не најдоа за потребно, ниту пак имаа слух да ги погледаат, да ги прочитаат и да поразговараат со предлагачите, тоа е ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“. Тие ги одбија и забелешките на здруженијата на лицата со посебни потреби. Власта одлучи да продолжат да постапуваат насилнички како и впрочем и се однесуваат во овие две години, самобендисано да го истуркаат законот на начин на којшто го истуркаа без да прифатат ниту една сугестија.

ВМРО-ДПМНЕ откако ќе победи на следните парламентарни избори еден од првите закони кои што сериозно ќе ги ревидира и ќе се обиде да ги врати сите оние амандмани кои што претходно ги предложивме и сите оние мерки кои што заедно со оваа категорија на лица ги донесовме ќе биде токму овој закон.

Потребна е правда и надеж за сите.

Извор:republika.mk

Коментирај