Новинарот на ТВ 21 со саркастична реакција на извинувањето од МНР

0
908

Фуркан Салиу, известувач на ТВ 21 од вчерашната прес-конференција во Министерство за надворешни работи по средбата на шефот на дипломатијата Никола Димитров со медијаторот за името Метју Нимиц, преку „Твитер“ саркастично регира на извинувањето од МНР за спречувањето да постави прашање.

„Е па еве, од МНР на Македонија нашле начин како да ја ‘утешат’ бугарската новинарка. Интервју за тебе колешке“, твитна Салиу покрај делот од соопштението на МНР и снимката од интервјуто на македонскиот премиер Зоран Заев за бугарската телевизија Нова.

Претходно, пак, Салиу беше уште подиректен.

„Жал ми е што поставив прашање. Нема да се повтори“, твитна тој, но со придружен коментар: „Шегата настрана… Секако дека ќе се повтори“.

Од МНР денеска излегоа со извинување до редакцијата на ТВ 21.

„Во конкретниот случај, новинарот од редакцијата постави прашање на кое што му беше одговорено, при тоа земајќи му збор на новинар од странски медиум, кој што веќе поставуваше прашање, што во секој случај не е оправдување за нашата грешка.

Уште во текот на истиот ден, Кабинетот на МНР се обрати до главниот и одговорен уредник на редакцијата, при што беше пренесено извинување во име на Министерството“, соопштија од МНР.

Салиу вчера го посочи Јане Лазевски, вработен во МНР, дека му се заканил со зборовите „ако поставиш прашање, никогаш нема да добиеш интервју“, но тој не го послушал и инсистирал да постави прашање, а за да добие збор, се согласил и Нимиц, барајќи внимание за прашањето што ќе му биде поставено.

Здружение на новинари на Македонија (ЗНМ) го осуди настанот, оценувајќи го како обид за притисок врз медиумите.

Expres.mk

Коментирај