НОВИНА ОД ФИФА: Судиите ќе прекинуваат натпревар во овој случај…

0
360

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, изјави дека судиите можат да добијат право да го прекинат натпреварот во случај на расизам.

Организацијата ќе продолжи во обидите целосно да го искорени расизмот и секоја друга форма на дискриминација во фудбалот.

,,Во последниве денови, беше многу тажно да се видат бројни расистички инциденти во фудбалот. Ова е навистина неприфатливо. Расизмот нема место во фудбалот, како и во општеството. Расизмот треба да заврши. Точка. Во нашите натпреварувања ја воведовме таканаречената процедура „три чекори“: механизам кој им овозможува на судиите да одат толку далеку што ќе го прекинат натпреварот во случај на дискриминаторски инциденти,, изјави Инфантино.

Тој ги повика сите здруженија, лиги, клубови и дисциплински тела да ја применуваат истата постапка, и да применуваат строги санкции за случаите на расизам во фудбалот.

,,Ние ќе продолжиме да се бориме против расизмот и ќе им гарантираме на сите наши здруженија за членство во целосна поддршка во оваа задача. Ние нема да се двоумиме да сториме сé што е во наша моќ за искоренување на расизмот и секоја друга форма на дискриминација, почнувајќи од фудбал, на кое било ниво и насекаде во светот,, додаде Инфантино.

Натпреварот од 32. коло од првенството на Франција помеѓу Дижон и Амиен беше прекинат неколку минути поради расистички навреди упатени до гостински фудбалер.

Коментирај