Нови проблеми за Лејкерс – Казинс кај се повреди, сега има и проблеми со законот!

0
282

Демаркус Казинс има сериозни проблеми со законот во САД, a во Мобајл, Алабама, објавиja налог за негово приведување.

Поранешната девојка на кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Кристи Вест побарала забрана за приближување.

Таа навела во полицијата дека Казинс во еден инцидент дури имал и физички контакт со неа.

Казинс и Вест се расправале бидејќи таа недозволила нивниот седумгодишен син да присуствува на свадбата на кошаркарот.

Очигледно работите за Казинс воопшто не изгледаат добро, бидејќи освен што заработи тешка повреда на стартот на подготовките откако потпиша со Лејкерс, сега има и сериозни проблеми со законот.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

извор:sport1.mk

Коментирај