Нови објекти за ветеринарни и фитосанитарни контроли на Блаце

0
244

На граничниот премин Блаце денеска ќе бидат пуштени во употреба новите објекти за вршење ветеринарни и фитосанитарни контроли.

Двата објекта се изградени со финансиска поддршка на Европската унија во рамки на Инструментот за предпристапна помош ИПА 2. Корисници се Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и Државниот инспекторат за земјоделство.

На пуштањето во употреба е најавено присуство на премиерот  Зоран Заев, министерот Љупчо Николовски, директорот на АХВ Зоран Атанасов и евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Коментирај