Нови македонски кратки филмови на Скопје филм фестивал

0
230

На 20 јубилејно издание на Скопје филм фестивал во рамките на годинешната програма Македонска продукција, освен премиерата на новиот игран филм „Ах љубов моја“ , ќе бидат прикажани и два краткометражни македонски играни филмови: „Ќе дојдат децата“ во режија на Ана Јакимска, со Наташа Петровиќ и Шенка Колозова во главните улоги и „Чевли“ во режија на Бранко Костески, со Благој Веселинов, Григор Јовановски, Диме Илиев, Ана Костовска и Роберт Ристов во главните улоги.

Премиерите на двата краткометражни филмови ќе се одржат утревечер во кино „Фросина“ во 20.30 часот. На проекциите ќе присуствуваат и авторите и филмските екипи.

Во Кинотеката на Македонија, во среда, со почеток од 21 часот, публиката на фестивалот ќе може да ја проследи и програмата Кратки филмови, годинава насловена како „Пак да го направиме сексот супер“, во чии рамки ќе бидат прикажани 12 краткометражни филмови.

loading...

Коментирај