Новата сезона на ЛШ, Вардар ја почнува во Брест: Ова е распоредот на натпреварите

0
188

Новата сезона во Лигата на Шампионите нашиот ракометен шампион Вардар ја почнува во Брест, Белорусија. Во првото коло од групата во ЕХФ лигата на шампионите, Вардар ќе гостува кај Мешков во Белорусија.

Според календарот првото коло е закажано за 16/17 септември. Потоа следува домашен меч со Елверум на 23/24 септември. Првиот дел од групната фаза на ЛШ тимот го завршува со домашен меч со ПСЖ на 9/10 декември 2020 година.

Распоред на натпревари – групна фаза:

1 коло: 16/17.09.2020, Мешков Брест – Вардар, 2 коло: 23/24.09.2020, Вардар – Елверум, 3 коло: 30.09-01.10.2020, ПИК Сегед – Вардар, 4 коло: 14/15.10.2020, Вардар – Фленсбург, 5 коло: 21/22.10.2020, ПСЖ – Вардар, 6 коло: 28/29.10.2020, Вардар – Порто, 7 коло: 18/19.11.2020, Вардар – Келце, 8 коло: 25/26.10.2020, Келце – Вардар, 9 коло: 02/03.12.2020, Порто – Вардар, 10 коло: 09/10.12.2020, Вардар – ПСЖ, 11 коло: 10/11.02.2021, Фленсбург – Вардар, 12 коло: 17/18.02.2021, Вардар – ПИК Сегед, 13 коло: 24/25.02.2021, Елверум- Вардар, 14 коло: 03/04.03.2021, Вардар – Мешков Брест

Коментирај