Новак го најде својот наследник на АТП тронот – Тој ќе биде број 1, а Киргиос може да пукне од мака!

0
699

Пред турнирот во Синсинати, Новак Ѓоковиќ, зборуваше за генерацијата на играчи кои треба да ги наследат сегашните најдобри тројца, вклучувајќи ги Роџер Федерер и Рафаел Надал покрај него.

„Некој мора да се појави. Тоа време ќе дојде, но се надевам не наскоро. Ние сè уште играме најдобро на најголемите турнири што ни се најважни“, рече Ѓоковиќ, издвојувајќи еден млад играч.

Српскиот тенисер го прогласи Доминик Тием за главен кандидат за иден светски рекет број еден, од кого загуби оваа година во полуфиналето на Ролан Гарос.

„Тој е тука со години во потесниот круг. Изгледа дека е најзрел од сите и како некој што има искуство на грендслемовите. Дефинитивно го сметам за некој кој би можел да биде лидер на овој спорт“.

Друг интересен играч е Русинот Данил Медведев.

“Тој има силно оружје во сервисот и бекендот. Го појача сервисот и се движи подобро. Тој е ментално посилен и има сила добро да се справи во најважните моменти. Ќе биде се подобар кога ќе игра потешки натпревари. Многу работеше и тоа очигледно му се исплатеше “, заврши Новак.

Коментирај