Нова железничка несреќа во Србија: Воз се заби во автомобил кај Врњачка бања

0
509

Утрово воз удрил во автомобил кој минувал преку железнички премин на излезот на Врњачка бања во правец кон Крушевац, пренесува „Танјуг“.

Само три дена по страшната несреќа во близина на Ниш во која загинаа пет лица, кога воз удри во автомобил на железнички премин, во соседна Србија се случи нова железничка несреќа.

Несреќата се случила на излезот на Врњачка бања во правец на Крушевац, кога на премин обезбеден со рампа воз удрил во автомобил која најверојатно не го забележал шинското возило.

Во несреќата е повреден возачот на автомобилот, засега не е познато и дали рампата била во функција на овој железнички премин.

Извор:lider.mk

Коментирај