Нова забава и опсесија: Запознајте ги македонските тинејџери со милион фанови на YouTube (видео)

0
594

GP, Wincut, Steffonator, Andrej pravi vlogovi, IB production, Ivan Ajnstain, Bobi beatbox, Bambo…се македонските јутубери кои на своите профили објавуваат смешни видеа, едуцираат и што ти не… „Во иднината, секој ќе биде славен 15 минути“, предвиде Andy Warhol во 1968 година.

Половина век подоцна, изгледа дека таа иднина е сегашност. Нејзините ѕвезди се „новите Интернет деца“, нејзината алатка е камерата, а нејзиниот медиум се видеата.

Анализирајќи ги профилите сфативме дека и кај нас има една група на тинејџери кои максимално ја искористуваат моќта на друштвените медиуми и дигитални платформи.

Видеото за нив е неизбежен дел од пренесување на информација и меѓусебна интеракција, за што говори и трендот на пораст на стримување и споделување на видео и фотографии во живо кој го форсираат најпопуларните друштвени мрежи, тренд на кој постарата публика научена на професионално продуцирани видеа во стандарден формат или постирање на 1-2 фотографии дневно сѐ уште се нема навикнато и го смета за неразбирлив.

Заработките и бројките сигурно се помали од оние САД, ама популарноста е очигледно доволна за да полни сали и плоштади. Така, во мај годинава беше организирано You Tube Macedonia шоу, каде најпознатите македонски јутјубери се дружеа со своите фанови во ВИП Арена – Борис Трајковски. Летово пак, во Охрид се случи влогерски meet-up кој го наполни плоштадот со фанови на новите ѕвезди.

Дополнително на овие бројки, Марко – GP има над  129.000 следбеници.

Fast forward 500+ видеа… кратки филмчиња, гејмплеј од игри, влогови, видеа каде што играте Fifa со другари на јадење љуто кој прими гол… Се она што со нетрпение го исчекуваат фановите на GP.

-Го следам GP, негов фан сум. Интересни ми се неговите коментари поврзани со видео игрите, вели 12-годишниот Петар.

-Цело одделение го следиме често пати тој ни е тема на разговор имам помал брат откако ме виде дека го гледма GP и он почна да ги следи неговите видеа, вели 14-годишната Калина.

-Имам две деца искрено на почетокот не ми беше јасно што има толку интересно во овие видеа седнав да проврам и сфатив дека нема некој глупости. Има некои интересни видеа, но жално е што младината наместо да спортува и забавува надвор седи пред компјутер, вели Ирена од Аеродром.

Извор:Курир.мк

Коментирај