Нова верзија за раѓањето на животот на Земјата

0
443

Научниците од Единбургскиот универзитет сметаат дека животот на Земјата може да бил пренесен од космички прав, објави Phys.org.
Научниците сметаат дека силните струи на космичкиот прав, движејќи се со брзина до 70 километри во секунда би можеле да донесат микроскопски живи организми. Конкретно, научниците тврдат дека космичкиот прав кој постојано ја „бомбардира“ земјината атмосфера, може да исфрли надвор од пределите на земјината гравитација микроскопски честички кои се наоѓаат на висина од 150 километри или повеќе над површината, и тие на крајот да стигнат до други планети.
Истражувачите тврдат дека ваква ситуација може да има и на други планети, како резултат на што живите организми може да паднат од едно небесно тело – на друго.
Во исто време, научниците забележуваат дека некои биолошки видови како бактерии и растенија, можат да егзистираат во досега откриениот Космос.
Претходно, научниците сметаа дека единствениот „преносител“ на живи суштества од една планета на друга се астероидите.

Коментирај