Нова цена на горивата

0
362

Регулаторната комисија за енергетика во понеделник ќе ја одреди новата малопродажна цена на нафтените деривати.

Според движењето на цената на суровата нафта на светските берзи, можеме да очекуваме мало покачување на цените во малопродажба, кое не би требало да надмине 1 денар по литар.

Во моментов барел нафта чини околу 78 долари, цена која што горе долу се држи на светските берзи со исклучок на петочното тргување кога се доближи до границата од 80 долари.

Регулаторот пред две недели ја формираше цената врз основа на просекот од 74 долари за еден барел.
Во моментов на бензинските пумпи низ Македонија литар бензин се точи за 74 односно за 72 денари, а дизелот чини 64,5 денари за еден литар.

Коментирај