НОВА СРЕДБА КОЅИЈАС-ДИМИТРОВ: На 12-ти април повторно средба помеѓу Димитров и Коѕијас

0
522

Шефовите на македонската и на грчката дипломатија, Никола Димитров и Никос Коѕијас, на 12 април ќе остварат нова средба повторно во Скопје, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Извори од македонското МНР, за МИА пак, велат дека се уште не е одреден термин за нова средба на Никола Димитров и Никос Коѕијас.

Грчките медиуми коментираат дека следната седмица ќе биде клучна за преговорите, а во тие рамки ја вклучуваат и новата средба на двајцата министри.

Коментирај