Нова спомен плоча поставена кај Карпалак

0
52

Нова спомен плоча е поставена денеска кај месноста Карпалак со имињата на десетмината припадници на АРМ кои беа убиени на тоа место во 2001 година, информираат од Одборот на бранители.

Претставници на Одборот, кој е заеднички орган на девет здруженија на бранители, денеска ја поставиле плочата по вчерашното целосно уништување и отстранување.

– Ние како Одбор апелираме на цивилизациско однесување и бараме да не се крши одново спомен плочата. Таа само сведочи за судбината на десет луѓе кои си ја вршеле нивната работна задача, изјави Марин Најдов, член на здружението на бранители „Достоинство” и на Одборот на бранители.

Случајот е пријавен во полицијата, а Најдов побара и од надлежните да си ја вршат работата.

– Досега шест пати е уништувана плочата и секој пат е пријавувано во полиција, но никој не одговорал за стореното, рече Најдов.

На 8 август 2001 година загинаа осум војници и два офицери од резервниот состав на АРМ : Нане Наумоски, Сашо Китаноски, Бранко Секулоски, Горан Миноски, Веби Рушитоски, Ердован Шабаноски, сите од Прилеп, Марко Деспотоски од Новоселани, Љубе Грујоски од прилепско Пашино Рувци, Дарко Велјаноски од прилепско Ропотово , од Прилеп и Пеце Секулоски од прилепско Бело Поле.

Извор:лидер.мк

Коментирај