Нова победа за Македонија: Совладан и Алжир за финале на „Трофеј на Карпати“

0
411

Репрезентацијата на Македонија денес го победи Алжир и се пласираше во финалето на турнирот „Трофеј Карпати“.

И на овој турнир како и во двата натпревари со Кувајт ги нема главните играчи кои ќе се приклучат на репрезентацијата по враќањето од Романија. Денес на полувремето водевме со 15:9, но на крај победивме само со еден гол разлика 25:24.

По полувремето во кое имавме седум разлика, Алжир во вториот дел започна да игра многу подобро и потоа одржувавме предност од 1-2 гола разлика. Алжирците имаа напад и за изедначување, меѓутоа не реализираа.

Кај нас најефикасен беше Танкоски со осум гола, Попобски постигна четири, Митревски на голот запиша четири одбрани. Треба да се напомене и дека голманот на Вардар, Калифа Гебдан имаше големи заслуги за враќањето во игра на Алжир.

Извор: Спортски.мкСпортски.мк

Коментирај