Нова измама !!!Oгревни дрва во Скопје

0
747

Б.М. (63) од Скопје вчера во 12:00 часот во Полициската станица Кисела Вода пријавил дека на 15.06.2018 година му било извршено кривично дело „измама“.

Околу 10:00 часот пред неговиот дом на улицата „Наум Охридски“ дошло непознато лице и му понудило огревни дрва за цена од 2.500 денари за метар кубен.

Откако се договориле сторителот успеал да го убеди Б.М. да му даде 5.000 денари и да го почека да ги донесе дрвата кои биле во товарно возило на почетокот на улицата.

Сторителот заминал и не се вратил, по што Б.М заклучил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот

Коментирај