Нова драма на Класниќ: Никој повеќе не може да ми помогне!

0
664

Бившиот хрватски репрезентативец, Иван Класиниќ го тужеше докторот од својот поранешен клуб, Вердер Бремен поради неправилно лечење на бубрезите.

Класиниќ минатата година направи трета трансплантација на бубрегот. неговото тело го одби донираниот бубрег од мајка му, го прифати од татко му, но и тој подоцна откажа. Последната операција ја имаше лани, засега нема проблеми, но прашање е колку долго.

„Колку ќе издржи овој бубрег само Бог знае. Никој од семејството повеќе не може да ми помогне“, изјави Класниќ за германските медиуми.

Класниќ ја доби правната битка со докторите Гец Димански и Манју Гуха од Вердер кои ги тужеше за грешки при третманот. Тие треба да платат 100 илјади евра отштета и да го сносат сите трошоци на натамошното лекување на поранешниот фудбалер.

Извор: taratur.mk

Коментирај