Нова анкета на „Брима галуп“: Огромна предност за Груевски и ВМРО-ДПМНЕ на две недели пред изборите

0
11070

Граѓаните најмногу доверба имаат во лидерот на владејачката партија, Никола Груевски. Тој ужива речиси двојно поголема доверба од лидерот на опозицијата Зоран Заев. На Груевски му веруваат 20,8 проценти од гласачите, наспроти 11 проценти кои му веруваат на Заев, покажуваат резултатите од последната анкета што ја спроведе реномираната и угледна агенција за истражување на јавното мислење, „Брима галуп“.

anketa-noemvri-2016-1

Доколку се издвојат одговорите на Македонците што биле дел од ова испитување на јавното мислење, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски, ја има довербата кај 28,6 отсто од македонските гласачи. За претседателот на СДСМ, Заев, се изјасниле 13,1 процент од македонските гласачи.

anketa-noemvri-2016-gruevski-zaev

„Брима галуп“, која ги изработува и истражувањата на јавното мислење за потребите на престижниот американски Интернационален републикански институт, ја спроведе анкетата на барање и во соработка со неделникот „Република“. Теренската анкета за испитување на јавното мислење на граѓаните во однос на повеќе прашања поврзани со актуелни политички теми, е спроведена во периодот од 11 до 17 ноември 2016, при што се анкетирани 1006 испитаници на возраст над 18 години.

Со оглед на фактот што на сите досегашни избори, етничките Албанци во Република Македонија речиси стопроцентно гласаа за политичките партии во албанскиот политички кампус, посебно ги издвојуваме резултатите од анкетата кои се однесуваат на мислењето на Македонците. Истовремено, тргнувајќи од фактот што македонските гласачи на избори, во најголем процент својата поддршка ја даваат за ВМРО-ДПМНЕ и за СДСМ, истражувањето генерално е насочено со прашања кои се однесуваат за овие две политички партии, освен одговорите на прашањето за рејтингот на политичките партии, каде што освен македонското гласачко тело предвид беше земено севкупното расположение на сите етнички заедници (Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци и останати), со цел да се добие реален приказ за расположението на граѓаните за сите релевантни политички партии во државата.

anketa-noemvri-2016-2

Поголем дел од гласачите во земјава би гласале за ВМРО-ДПМНЕ – 25,8 проценти. За СДСМ се изјасниле 16,7 проценти. Ваков е одговорот на испитаниците на прашањето Ако учествуваат сите партии за која партија би гласале доколку следната недела се одржале нови парламентарни избори?

anketa-noemvri-2016-izbori-glasanje

Доколку се издвојат одговорите на Македонците што биле дел од ова испитување на јавното мислење, ВМРО-ДПМНЕ повторно е во значителна предност пред СДСМ. 35,9 отсто се изјасниле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, а 21,6 отсто за СДСМ.

Најголем приоритет за граѓаните е подобрување на животниот стандард. Потоа следи вработувањето, па зголемувањето на личниот доход.

anketa-noemvri-2016-prioritet anketa-noemvri-2016-3

А најдобро решение за приоритетниот проблем граѓаните го гледаат во владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Дури 26 отсто веруваат дека ВМРО-ДПМНЕ може да го подобри животниот стандард. 16,8 отсто решението на овој приоритетен проблем го гледаат во СДСМ.

anketa-noemvri-2016-resavanje-problemi-site anketa-noemvri-2016-4

33 отсто од сите испитаници се изјасниле дека ВМРО-ДПМНЕ е поактивна во нивната средина за да ја добие поддршката од населението, а 15,2% сметаат дека тоа е СДСМ.

anketa-noemvri-2016-poddrska-site anketa-noemvri-2016-5

Кај македонските испитаници таа разлика е многу поголема – 45,5 се изјасниле за владејачката ВМРО-ДПМНЕ, а 19,8 проценти за СДСМ.

anketa-noemvri-2016-poddrska-vmro-sdsm

Анкетата ја репрезентира популацијата според основните демографски карактеристики – пол, возраст, образование, национална припадност, работен статус, место на живеење село – град, регион. Анкетирањето е спроведено со метод анкета лице влице, во домот на анкетираниот. Се анкетира само едно лице во семејство кое е избрано случајно во рамките на семејството лицето кое има прв следен роденден.

Маргина на грешка е ± 3.1 проценти.

Коментирај