НОВ ЗАСТОЈ: Сепак за Заев зборот не е збор – заглави формирањето на ДИК и носењето на законските решенија

0
818

Вечерва во Собранието повторно заглави формирањето на Државната изборна комисија (ДИК) и носењето на Законот за финансирање на партии. Разврска се очекува во текот на утрешниот ден.

Поради тоа што се уште не се усогласени ставовите околу законот за влада и законот за финансирање на партиите, вечерва не е свикана седница на комисијата за избори и именувања. Работните групи во Собранието ги усогласуваа Законот за финансирање на партиите, составот на Државната изборна комисија и Законот за Влада, односно пред секои избори да има техничка влада според пржинскиот модел.

Иако Заев јавно даде изјава дека зборот е збор и дека договореното ќе се исполни до крај и покрај тоа што нема договор за референдум, вечерва има повторно ретерирање и нов застој.

Заев денеска изјави дека постигнае договор за изборот на ДИК, за финансирање на политичките партии и за пржинска влада како принцип пред секои избори. Заев во зиајвата најави дека се ќе биде завршено денеска.

-Јавноста треба да знае дека за овие три лидерски средби требаше многу нерви, трпение и мудрост. Уште пред потпишување на Договорот до Грција ги прифативме условите на опозицијата за  избор на ДИК. Уште пред лидерската работни групи го усогласија текстот на законот за финанисрање на партиите. Денеска го прифативме барањето на опозицијата, форматот на пржинска влада да се спроведува пред секои избори, рече Заев.

Во отсуство на подетални информации се чека разврска во текот на утрешниот ден.

Извор: Курир.мк

Коментирај