Нов Закон за легализација на дивоградбите, но овојпат нема да биде по едно евро за квадрат

0
620

Легализацијата на дивоградбите треба да биде направена со платени комуналии и казни рече Петре Шилегов, по седницата на Управниот одбор на ЗЕЛС на која се разгледуваше предлогот на Законот за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти. Одборот дошол до заклучок дека легализацијата на дивоградбите мора да престане , особено на начинот како што се одвиваше досега со едно евро по квардат, кој според скопскиот градоначалник создавал проблеми, товари и давачки за општините.

На законското решение ќе работи група составена од пет градоначалници и стручни лица од Министерството за транспорт и врски. Шилегов потенцираше дека предлогот нема временско ограничување, затоа што на тој начин се стимулира незаконското градење. Скопскиот градоначалник потенцираше дека некои од градбите ќе бидат и срушени.

Во Македонија има повеќе од 70.000 нелегално изградени индивидуално и деловни објекти.

Очекувањата во ЗЕЛС се дека законското решение би било донесено оваа година.

Коментирај