Нов бисер си оди од Вардар: Али Адем во Касимпаша за 200.000 евра!?

0
130

Нов фудбалски бисер ќе си замине од Вардар најверојатно зимава, зашто турска Касимпаша за 200.000 евра веќе го договорила младиот фудбалер за врска Али Адем, објавија турските медиуми.

Адем беше летоска поврзуван со трансфер во Фенербахче како замена за Елиф Елмас, кој замина во Наполи, а потоа беше споменуван и за трансфер во Спортинг Лисабон, ама по се изгелда младиот фудбалер за врска веќе извесно ќе се пресели во Турција, зашто спортскиот директор Серкан Реџбер веќе го гледал на два меча во Првата лига и веднаш дал согласност за ангажман.

Не е ни чудно што нов млад фудбалер после Елмас и Јани Атанасов заминува во Турција, зашто бившата легенда на турскиот фудбал и екс-тренер на Шкупи, Умит Каран на клубовите им посочи дека треба многу повеќе да го гледаат македонскиот фудбалски пазар зашто има екстра таленти за ситни пари, оти не заработуваат повеќе од 500-600 евра.

Заминувањето на Адем ќе биде сериозен проблем за Вардар зашто младиот фудбалер има сериозна минутажа кај Александар Васоски, а поради суспензијата за преодни рокови од ФИФА, црвено-црните нема да може да купуваат играчи. Адем е последен во низата играчи кои лесно би си заминале од клубот, иако сумата за која би бил продаден е далеку посериозна, најмногу поради тоа што Тодор Тодоровски си отиде беспари, Филип Антовски за само 25.000 евра…

Извор: kurir.mk

Коментирај